Кошничка

Вашата кошничка е празна

Body & Beyond

Услови и правила за членови на BODY & BEYOND

Ве молиме прочитајте ги овие правила и услови внимателно. Со станувањето член на студиото значи дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате да бидете обврзани со условите на студиото. BODY & BEYOND го задржува правото да промени било кој од условите. Секоја промена на условите стапува на сила веднаш од датумот на нивното објавување. Овие услови и правила важат за сите кои купуваат каков било тип на часови директно од BODY & BEYOND или индиректно преку трето лице (Фит Кит).

ЗДРАВЈЕ И БЛАГОСТОЈБА

BODY & BEYOND е посветено на подобрување на здравјето и благосостојбата на сите клиенти. Од вас се бара да го информирате студиото и нашите инструктори за сите здравствени состојби кои ги имате (вклучувајќи повреди, болест, бременост, здравствена состојба или било што друго што може да влијае на безбедното извршување на тренингот). BODY & BEYOND препорачува да побарате лекарска потврда пред да започнете со користење на услугите на студиото. Учеството во часовите е на сопствен ризик на клиентот/членот. Со прифаќањето на овие правила и услови, клиентите/членовите се обврзуваат дека за време на тренинзите во BODY & BEYOND ќе постапуваат согласно инструкциите на инструкторот. Клиентите се свесни дека учеството во физички активности носи одреден ризик од повреда и се согласуваат дека учествуваат на сопствена одговорност.

МЕТОД НА ИНСТРУКЦИИ

Нашите инструктори при одржувањето на часовите користат методи со кои можат да ја „поправат" поставеноста на телото на клиентот за време на вежбата или да му помогнат, односно придржат при изведувањето на вежбата при што може да остварат физички контакт со него. Ова е со цел да се обезбеди правилно и безбедно изведување на вежбите, како и да се спречат повреди на клиентите додека вежбаат. Со самото Ваше присуство на час, Вие потврдувате дека го прифаќате овој метод на инструкции.

ПРОМЕНИ НА РАСПОРЕД

BODY & BEYOND го задржува правото да прави промени во распоредот на часовите, работното време, цените на услугите и инструкторите во секое време.

ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ

На Ваша одговорност е губењето, кражбата или кршењето на било какви лични работи што ги внесувате во студиото. Препорачуваме да не носите вредни предмети на часовите, како што се телефони, накит, паричници или чанти.

ПЛАЌАЊЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧЛЕНАРИНА

Клиентот има обврска за плаќање на членарина. Членарината се уплаќа однапред, односно пред користењето на услугите на BODY & BEYOND.

BODY & BEYOND го задржува правото да одбие влез на час или да откаже резервација доколку клиентот е во задоцнување со плаќање на членарина.

Членарина е со ограничено времетраење. Времетраењето на членарината е определено на веб страницата на студито во описот на самиот пакет што се купува.

ПАУЗИРАЊЕ НА ЧЛЕНСТВО

Вашето членство може да се паузира неколку недели и во тој период да не се врши наплата за часовите. BODY & BEYOND бара писмено известување за тоа најкасно 7 работни дена претходно испратено на info@bodyandbeyond.mk. По завршувањето на паузата, членството можете да го продолжите во термини кои во тој момент ќе бидат достапни.

ЦЕНИ

BODY & BEYOND може да ги промени цените на услугите во секое време. Новите цени стапуваат во сила со нивното објавување на веб страницата на студиото.

ЗАКАЖУВАЊЕ НА ЧАСОВИ

Закажувањето на часовите во BODY & BEYOND се врши исклучиво преку веб страната на студиото. Резервацијата на место на часот се смета за валидна само по извршено плаќање. Без претходна уплата, закажувањето нема да биде потврдено.

Клиентите можат да закажат присуство на час најдоцна 2 (два) часа пред почетокот на истиот. По истекот на овој рок, системот нема да дозволи дополнителни резервации.

Ве молиме навремено да го резервирате вашето место за да се обезбеди правилна организација и оптимален број на учесници на секој час.

ОТКАЖУВАЊЕ НА ЧАСОВИ

Поради ограничените места достапни на секој час, BODY & BEYOND има строга политика за откажување на часови. Часот може да го откажете најдоцна 4 часа пред неговиот почеток. Доколку не се појавите на закажаниот час или ненавремено го откажете Вашето присуство на часот, часот се наплаќа во целост како да е одржан.

Ве молиме навремено да го откажете часот доколку не можете да присуствувате на истиот. Со тоа ќе се ослободи место за некој друг да присуствува на часот.

ВРАЌАЊЕ НА ПАРИЧНИ СРЕДСТВА

Уплатените парични средства за нашите услуги се неповратни. Неискористените часови не се префрлаат за следниот период.

Ако клиентот не е задоволен од услугите што ги дава BODY & BEYOND или верува дека има право на рефундирање на уплатените парични средства, потребно е директно да не контактира на info@bodyandbeyond.mk, образложувајќи ги причините поради кои бара рефундирање, како и да приложи релевантна медицинска документација за да можеме соодветно да одговориме на Вашето барање.

Ве молиме имајте во предвид дека и во случај на рефундирање направено под овие околности, ќе се задржи износ од 10% за покривање на административните трошоци.

ДЕЦА И МИЛЕНИЧИЊА ВО СТУДИО

Деца и миленичиња во студиото се дозволени само на приватните часови. На полу-приватните/групните часови е забрането деца од која било возраст да седат и чекаат во студиото додека трае часот. Ако сте родител/негувател, наша желба е да создадеме средина каде што фокусот ќе биде единствено на вашето искуство и на искуството на сите други членови, односно да се минимализира секое одвлекување на вниманието. Го цениме вашето разбирање за ова бидејќи се обидуваме да создадеме безбедно и среќно студио за секого.